Алжир, Нигерија и Нигер планираат изградба на гасовод низ Сахара

1 min read

Алжир, Нигерија и Нигер потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод низ Сахара, соопшти денеска алжирскиот министер за енергетика.

Во јуни, трите земји ги рестартираа преговорите за овој проект, што може да биде можност за Европа да ги диверзифицира своите траси за снабдување со гас.

Гасоводот би бил долг околу 4.000 километри, објави алжирската телевизија Енахар.

Станува збор за проект чија вредност се проценува на 13 милијарди американски долари.

Транссахарскиот гасовод би можел годишно да испорачува до 30 милијарди кубни метри гас во Европа.

Идејата за изградба на природен гасовод низ Сахара се родила пред 40 години. Трите земји потпишаа договор за изградба на гасоводот во 2009 година, но немаше напредок во неговата имплементација. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Од утре се спуштаат рампите за регулирање сообраќај во стариот дел на Охрид

Следно

22-годишник пронајден починат во стан во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian