Албанскиот парламент ги усвои промените во владата на Рама

1 min read

Албанскиот парламент доцна попладнево ги усвои измените во составот на владата на премиерот Еди Рама.

Со разрешувањето на вицепремиерот и министер за обнова Арбен Ахметај, на негово место е избрана Белинда Балуку, досегашна министерка за инфраструктура и енергетика.

Сменет е и досегашниот главен преговарач за евроинтеграции Зеф Мази а на негово место е назначена Мајлинда Дука, која до сега беше директорка на секторот за развојни политики и странска финансиска помош во владата.

Претходно уредба за разрешување и наименување на новите министри потпиша претседателот Бајрам Бегај.

Инаку, барањето за дебата на парламентарната група на опозициската Демократска партија, во врска со смената во владата, претседателката на законодавниот дом Линдита Никола не го дозволи тоа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Првиот брод со жито би можел утре да ја напушти Украина

Следно

ВИДЕО | Лабрадор кој обожава да јаде боровинки стана хит на социјалните мрежи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian