2МФЛ: Вардар на стартот против Аресими, Борец домаќин на Слога 1934

1 min read

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беше одреден распоредот на натпревари за новата сезона 2022/23 во Втората македонска фудбалска лига.

Натпреварувањето започнува на 13 август, во рамките од првото коло нашиот најтрофеен клуб Вардар ќе му гостува на Аресими, Пелистер оди кај Кожуф, а Борец ќе биде домаќин на Слога од Виница.

Воска Спорт која минатата сезона за малку не успеа да влезе во елитата, на стартот ќе ги одмери силите против Караорман, а Беласица ќе ја брка првата победа во сезоната кај Детонит Плачковица.

Втора МФЛ 2022/2023
Есенски дел

1 коло, 13 август 2022
(17.00 часот)

Кожуф – Пелистер
Аресими 1973 – Вардар
Охрид Лихнидос – Тетекс 1953
Детонит Плачковица – Беласица
Борец 1919 – Слога 1934
Караорман 2017 – Воска Спорт
Пехчево – Гостивар
Каменица Саса – Беса 1976

Комплетниот распоред на натпревари можете да го погледнете ТУКА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

22-годишник пронајден починат во стан во Скопје

Следно

Жена покажа што пробала во ресторан со Мишелин ѕвезди, луѓето пишуваат: Не, благодарам, ќе си јадам дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian