Момче на возраст од 22 години е пронајдено починато во својот дом.
На 27.07.2022 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат Г.А.(22) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.