Жил Кунде од следната сезона во редовите на Барса

1 min read

Барса конечно постигна договор да го ангажира францускиот централен бек Жил Кунде (23) од екипата на Севиља.

Сагата за можен трансфер во редовите на Челси сега е завршена. Според новинарот Фабрицио Романо, има целосен, вербален договор меѓу Барселона и Севиља, само се чека и официјалниот потпис.

Кунде ги договори личните услови со каталонскиот гигант изминатата недела, бидејќи желбата на играчот е да се пресели на „Камп Ноу“.

Тренерот на Барса, Чави Ернандез, беше клучен фактор за промената на ситуацијата во преговорите меѓу двете страни.

Кунде од 2019 година за Севиља имаше 95 натпревари и пет голови, а пред да се пресели во Шпанија ги бранеше боите на Бордо. За најдобрата француска репрезентација досега запиша 11 настапи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЗО: Во 78 земји во светот евидентирани над 18 илјади случаи на мајмунски сипаници

Следно

Љубовта меѓу нив цвета и по 24 години брак: Тој е „мирното засолниште“ на Ангела Меркел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian