Вилнев: Леклер и Ферари се најдобар пример како не се освојува титулата

1 min read

Поранешниот светски првак во Формула 1 најмногу го обвинува возачот за незавидната состојба во која е Ферари во тековното првенство

Поранешниот светски шампион во Ф1, Жак Вилнев ги критикуваше Ферари и Шарл Леклер. Тој тврди дека на трката за ГН на Франција тие го покажале најдобриот пример за тоа како да не се освои титулата во Формула 1 во 2022 година.

Вилнев верува дека киксот на Леклер, кога како водечки удри во заштитниот ѕид и отиде во аут, е уште една грешка што тој не можел да си ја дозволи. Леклер веќе имаше значителен дефицит во однос на ривалот Макс Верстапен, водечкиот во генерален пласман.

– Леклер направи уште една грешка што не требаше да ја направи. Така не се заслужува шампионската титула. Тоа е големата разлика со Верстапен кому ова не му се случува. Имаме првенство со два горе-долу еднакви болиди, но едниот има големо водство. Тоа е најдобриот пример за тоа како нема да се освои првенство – вели Вилнев.

Ферари ја започна сезоната 2022 како фаворит во шампионатот бидејќи традиционалните ривали Мерцедес и Ред бул не му парираа достојно. По првите неколку трки, водството на Скудерија беше такво што сите надежи за Ред бул веќе потонаа.

Но, по неколку месеци ситуацијата на Ферари не може да биде полоша. Шарл Леклер има огромни 63 поени негатива во однос на Макс Верстапен, додека Ред бул имаат солидна предност од 82 поени пред Скудерија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Потврдени уште два случаи на Марбург вирусот: Сличен е на ебола и е многу заразен

Следно

„Не сум во никаков имотен спор со Николина, напротив редовно разговараме“: Миша Гроф за односот со снаата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian