ВИДЕО: Реми на Барса и Јувентус, Азар конечно стрелец

1 min read

Во пријателски натпревари како подготовка за новата сезона, Барселона и Јувентус одиграа нерешено 2:2 во Далас, а со истиот резултат заврши и мечот помеѓу Реал Мадрид и Клуб Америка од Мексико во Сан Франциско.

Дуелот меѓу Барса и Јуве го одбележаа Усман Дембеле на едната и Мојз Кин на другата страна кои постигнаа по два гола.

На крајот од натпреварот Каталонците можеа да победат, но Рафиња и Гави ја погодуваа пречката.

А Реал Мадрид не славеше ниту во втората пријателска средба – по поразот од Барселона, европскиот првак одигра нерешено со Клуб Америка – 2:2.

Мексиканците поведоа во петтата минута преку Мартин, а израмни Бензема во 22 минута. Бензема го пропушти натпреварот со Барселона.

Во продолжението гол од пенал постигна заборавениот Еден Азар. Тоа беше негов прв гол по 188 дена. Последен пат постигна гол на 20 јануари против Елче во Кралскиот куп. Конечниот резултат го постави Фидалго.

„Кралевите“ на следниот пријателски натпревар ќе играат со Јувентус на 31 јули.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Потврден нов случај на африканска чума

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Емоционален ролеркостер: Солзи и насмевки на лицето на Бен Афлек на медениот месец со Лопез

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian