Нов инцидент со навреди и препукувања се случи денеска во македонското Собрание, а овој пат се скараа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Според информациите, причината за вербалната пресметка меѓу Мицевски и Џафери е тоа што претседателот на Собранието не сакал да даде пауза во моментите кога се пребројувале пратениците за да се обезбеди кворум.
„Се однесуваш тука, да не речам како некој погрден збор, како невоспитан на говорница. Тебе ти се обраќам“, викаше Мицевски по Џафери.