ВИДЕО | Кучка „храбро“ лае по виртуелна мачка, но кога мачката се сврти…

1 min read

Иако се верува дека мачките се плашат од кучиња, во реалноста кучињата многу често се плашат од мачките, а понекогаш дури и од виртуелните.

Неодамна на социјалните мрежи се прошири видео од многу „храбро“ куче кое гледа во екранот додека неговиот сопственик ја игра играта „Stray“, во која главниот лик е мачка. Кучето почнува да лае по мачката додека мачката е свртена со грб, но кога мачката ќе се сврти, кучето со молскавична брзина се оддалечува од екранот.

Луѓето ги споделија своите впечатоци за видеото во коментарите: „Ова е најдобрата реакција на домашно милениче на видео што сум го видел денеска, а видов многу“, „Урнебесно“, „Што? Таа беше подготвена да истрча од собата и да те остави сам да се браниш?“, се едни од најдобрите коментари.

Погледнете го видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шаќири: Да докажеме дека победата во Летонија не беше случајна

Следно

Ако се одржи референдум, Пендаровски предлага прашањето да гласи: Дали сакате во ЕУ под овие услови?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian