ВИДЕО: Крсте Велкоски повторно ќе игра за Работнички

2 mins read

Крсте Велкоски (34) после скоро деценија се враќа во нашата земја, поточно во Работнички за кој настапуваше веќе од 2010 до 2014 година. Пред еден месец официјално го раскина договорот со Сараево. Од босанскиот клуб најавија дека по завршувањето на играчката кариера Велкоски ќе се врати во бордо семејството во поинаква улога.

Од 2017 до 2022 настапуваше во Босна и Херцеговина, за Сараево каде пристигна во јануари 2014 година од Работнички за по две години да премине во јужнокорејскиот Инчеон Јунајтед.

По 18 месеци поминати во Јужна Кореја и Тајланд, тој се врати во Сараево во летото 2017 година и со многу успеси во последните пет години го носеше „бордо“ дресот.

Името на Велкоски, кој во меѓувреме стана капитен на тимот, се поврзува со сите успеси на ФК Сараево во последните неколку години. Со освоените три шампионски титули и три трофеи во Купот на БиХ, тој стана еден од најтрофејните фудбалери во историјата на клубот.

Своето деби за Сараево го имаше на 1 март 2014 година против Челик и оттогаш забележа 235 настапи, постигнувајќи 64 гола и забележа 44 асистенции. Со овој ефект тој стана еден од најдобрите 10 најдобри стрелци на Сараево во историјата.

„Романтичарите“ веќе ги започнаа подготовките за новата сезона, предводени од тренерот Љупчо Марковски веќе ги имаа и првите контролни средби. Триумфираа со 4:1 над Тетекс, ремизираа без голови со Победа и Брегалница Штип.

Веќе е познато дека на отворањто на новата сезона во Првата лига, на 6 август ќе му гостуваат на повратникот во елитата, Силекс од Кратово.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

350.000 денари од буџетот на Гази Баба за субвенции за велосипеди

Следно

Цеца ги надмина Лејди Гага и Мадона: Концертот на Ушќе трет најпосетен во светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian