Познатата водителка на утринска програма и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска шармира со својот изглед и природна убавина. Уживаме кога ја следиме на малите екрани, иако во последно време повеќе внимание привлекува преку објавите на социјалните мрежи.
Јелена е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат повеќе од 40 000 фанови. Профилот на убавата водителка е преплавен со прекрасни фотографии и видеа, како професионални така и приватни фотографии и моменти споделени со бројните фановите.
Летните денови Јелена ги поминува во Хрватска, а според нејзината последна објава бара и момче.
„Две недели во Хрватска и сè уште чекам да ме киднапира некој згоден Хрват и да ми даде 365 дена да се заљубам во него“ – стои во описот на видеото на Јелена.
Веруваме дека Јелена наскоро ќе си најде квалитетно момче кое ќе ги исполни нејзините очекувања.