Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во последно време е подалеку од очите на јавноста, па нејзиното доаѓање на свеченото отворање на „Beirut Art Film Festival“ во Минхен израдува многумина.
Меркел се појави во друштво на својот сопруг, професорот Јоаким Зауер, кој ретко ја придружува својата сопруга во јавнст, а многумина не ни знаат како изгледа.
Германската канцеларка на таа функција беше 16 години, а нејзиниот приватен живот успеа да го држи за себе. Нејзиниот сопруг најчесто умешно ги избегнува јавните појавувања и категорично одбива интервјуа со медиумите, а единствен исклучок се редовните посети на фестивалот. Тие вчера заедно прошетаа на црвениот тепих во елегантно издание.
Сопругот на Ангела Меркер е реномиран пензиониран хемичар, кој има освоено многубројни награди за својата посветена работа. Тој во 1980 година се запознал со поранешниот шеф на владата во Академијата на науките во Берлин. Тие се венчале во 1998 година (токму кога таа влезе во високата политика) и за двајцата тоа е втор брак. Никој во јавноста долго време не знаеше дека се во брак. Настанот беше објавен во јавноста само неколку дена подоцна во мал формат во „Frankfurter Allgemeine Zeitung“. Написот беше навистина краток: Се венчавме. Ангела Меркел и Јоаким Зауер.

Сауер има два сина од првиот брак. Малку се знае за неговиот приватен живот. Меркел го запознала својот прв сопруг Улрих Меркел додека студирала физика на Универзитетот Карл Маркс во Лајпциг, а се венчале кога таа имала 23 години. Тие биле во брак пет години, а таа и денес го носи неговото презиме, што не му пречи на нејзиниот сегашен сопруг Јоаким Сауер. Тој ја поддржуваше својата сопруга како „тивок советник“, а и самата Меркел претходно призна дека Сауер порано „внимавал“ на ракописите од нејзините говори.

Инаку, сопружниците делат заедничка страст за операта и природата и веќе неколку години патуваат во Јужен Тирол, каде одат на планинарење. Покрај тоа, сакаат да уживаат во скијање, пливање и рекреативни прошетки, при што папараците успеале да ги фатат во неколку наврати.