Уапсено лице барано со потерница за доиздржување затворска казна

1 min read

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 12:20 часот на улица „Петре Прличко“ во Велес го лишиле од слобода Р.Б.(32) од Куманово, со живеалиште во Шуто Оризари, кој бил баран со централна потерница за доиздржување затворска казна.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на лицето му се преостанати уште четири години и 10 месеци, а бил осуден на 11 години и еден месец.

-При лишувањето тој физички нападнал двајца полициски службеници, по што бил спроведен во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По документирање на случајот тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, е наведено во соопштението од Министерството. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Украинскиот парламент го избра Андриј Костин за јавен обвинител

Следно

ВИДЕО | „Да ми даде 365 дена да се заљубам во него“: Јелена Спенџарска бара момче во Хрватска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian