Тројца се обвинети за трагичниот пожар во тетовската модуларна болница

2 mins read

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице, кои се товарат дека се одговорни за избувнувањето на катастрофалниот пожар во тетовската ковид-болница на 8 септември лани, кога животот го загубија 14 луѓе.

Двајца се товарат за тешки дела против општата сигурност, еден за непостапување според здравствени прописи, додека правното лице за предизвикување на општа опасност, велат од Обвинителството, кое во соопштението не ги наведува ниту иницијалите на обвинетите.

-Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, третиот обвинет сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик, додека обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по чл.288 ст.5 в.в. со ст.4 в.в. со ст.2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно чл.206 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, информираат од Јавното Обвинителство.

Четиринаесеттемина загинати, од кои повеќето беа пациенти болни од ковид, животите ги загубија на 8 септември 2021 година во пожарот кој избувна во модуларната болница и за неполни 20 минути целосно ја пеплоса. Досега се направија четири вештачења за да се утврдат причините поради кои настана пожарот и да се лоцира одговорноста.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер, како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Решена мистеријата на мажот во бело, чие тело беше пронајдено на плажа пред 70 години

Следно

Потврдени уште два случаи на Марбург вирусот: Сличен е на ебола и е многу заразен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian