Три активни пожари утрово, најголемиот е на Криволак

1 min read

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рано изутринава со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари, информираат од ЦУК.

Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што утрово со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни. На самото место на Криволак е и директорот на ЦУК Ангелов.

„Вториот пожар е нов пожар кој го забележавме за време на хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума и постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола“, посочуваат од ЦУК.

Третиот пожар кој е активен од вчера е во атарот на с. Требичино, во општина Василево.

„Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на самото место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот“, соопштија од ЦУК.

Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓумбирот и јогуртот ги ублажуваат симптомите на труење со храна

Следно

Дебатата на кандидатите за британски премиер прекината бидејќи водителката се онесвести (ВИДЕО)

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian