Трас: Ако Путин успее, ќе имаме невидена беда низ Европа

1 min read

Шефицата на британската дипломатијата Лиз Трас, која е и фаворит за наследник на Борис Џонсон, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет.

На новинарско прашање дали таа верува дека „Владимир Путин практично го држи остатокот од светот како заложник со драстичното намалување на испораката на гас за Германија“, Трас одговори: „Токму тоа го прави. Исклучително е важно да останеме силни во борбата против неговата застрашувачка агресија“.

– Ако дозволиме Владимир Путин да успее, тоа ќе предизвика невидена беда низ Европа, рече Трас.

– Знаеме дека Путин нема да застане само на Украина. Тој и се заканува на цела Источна Европа и демократијата, изјави шефицата на британската дипломатија.

kurir.mk

Претходно

Милевски веќе нема корона, преку слика со Груби и Зечевиќ покажа дека им се вратил на обврските

Следно

Кикаи Сун е првиот Кинез во македонската кошарка

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian