Трајанов: Внесувањето на Бугарите во Уставот да биде според принципот на реципроцитет

1 min read

Не е спорно Хрватите и Црногорците да бидат ставени во Уставот, спорни се единствено Бугарите, бидејќи тоа го прават со уцени и условувања, истакна претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на денешната конференција во Собрание.

„Нашиот став е доколку се пристапи кон промените, тие треба да бидат согласно принципот на реципроцитет, односно да бидат признаени и правата на македонските граѓани во Бугарија“, рече Трајанов.

Тој беше дециден дека нема да дадат поддршка за промена на Устав без реципрочност.

„Веројатно целта на Бугарија е да покажат дека во Македонија има Бугари. Не сакам да го користам тоа тој збор – бугаризација. Уставните промени веројатно ќе започнат. Тој процес ќе е тежок и сложен“, оцени тој.

Во однос на референдумот за Преговарачката рамка што го најавува ВМРО-ДПМНЕ, Трајанов рече дека се уште не се дефинирани прашањето и датумот на одржување и затоа како партија имаат „сериозни резерви”.

„Има многу дилеми и прашања и затоа имаме сериозни резерви околу референдумот, наш став беше да се одржи референдум, доколку Парламентот донесе консензуална одлука за или против, меѓутоа тоа не се случи. Ова е поединечно барање на ВМРО-ДПМНЕ, но и тие се уште немаат дефинирано некои прашања“, изјави Трајанов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Два месеци по разделбата со Пике: Шакира насмеана и среќна ужива со синовите во Мексико

Следно

350.000 денари од буџетот на Гази Баба за субвенции за велосипеди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian