СЗО: Во 78 земји во светот евидентирани над 18 илјади случаи на мајмунски сипаници

2 mins read

Повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници се пријавени во 78 земји во светот, од кои повеќето во Европа, објави денеска Светската здравствена организација.

СЗО во саботата ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за вонредна состојба која предизвикува меѓународна загриженост“.

Во денешното соопштението на здравствената организација се наведува дека досега, меѓу евидентираните случаи, во 98 отсто станува збор за мажи кои имаат секс со мажи, а се нагласува дека овој податок не важи за африканските земји бидејќи вирусот таму е ендемичен.

Директорот на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус ја повика погодената група да размисли за намалување на бројот на сексуални партнери и да ги сподели информациите за контакт со сите нови партнери.

– Ова е епидемија што може да се запре… најдобриот начин да се направи тоа е да се намали ризикот од изложеност на болеста, а тоа значи да се направи безбеден избор за себе и за другите, рече Тедрос на прес-конференција во Женева.

– Во тек е преименување на болеста за да се избегне дискриминација и стигматизација, изјави директорот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан.

Агенцијата на ОН препорачува вакцинација за високоризичните групи. Ова особено се однесува на мажите кои имаат сексуални односи со припадници од ист пол, како и за оние со повеќе сексуални партнери и за здравствените работници.

СЗО посочи дека се потребни неколку недели по примањето на втората доза од вакцината за едно лице да биде целосно заштитено, поради што во меѓувреме треба да се преземат мерки на претпазливост.

Во моментов, како дел од актуелната епидемија, приближно 10 отсто од пациентите се хоспитализирани, а петмина од нив починале како последица на болеста (сите во Африка), објави СЗО.

Тедрос, исто така, рече дека околу 16 милиони дози од одобрената вакцина се достапни за заинтересираните. Бидејќи се пакуваи „на големо“, ќе бидат потребни неколку месеци вакцините да се преместат во помали шишиња.

СЗО ги повикува земјите кои имаат залихи на вакцина против мајмунски сипаници да ја дистрибуираат додека залихите се ограничени, додаде тој.

kurir.mk

Претходно

„Не сум во никаков имотен спор со Николина, напротив редовно разговараме“: Миша Гроф за односот со снаата

Следно

Жил Кунде од следната сезона во редовите на Барса

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian