Собрани 300 м3 отпад во Аеродром

1 min read

Големата акција за расчистување на сите помали и поголеми депонии на територијата на Општина Аеродром и деновиве продолжува со истото темпо, при што до сега беа собрани над кубни метри кабаст, растителен, комунален и друг вид отпад.

Во текот на вчерашниот ден службите на општината и на ЈП „Комунална хигиена“ продолжија со работа од двете страни на булеварот „Јане Сандански“, а денеска акцијата продолжи во Стар Аеродром, 13-ти ноември, Мичурин и Острово. Наредните денови, уште еднаш ќе се посетат локациите каде што беше забележана поголема концентрација на отпад.

Со тешка механизација и ангажман на комуналните служби на општината продолжи акцијата на големите депонии во и околу Горно и Долно Лисиче, при што денеска се чистеше во непосредна близина на ул. „Ѓорѓе Андреевиќ – Кун“ и зад црквата „Св. Ѓорѓија“ на ул. „Ѓорѓи Капчев“.

Акцијата ќе трае во текот на целата недела, а целта е да се расчисти отпадот кој и понатаму се остава на необележани локации, на зелени и јавни површини.

Апелираме до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат согласно со пропишаните процедури, односно истиот да го пријават кај службите на ЈП „Комунална хигиена“, посочија надлежните. 

skopjeinfo.mk

Претходно

НИ НАУЧНИЦИТЕ НЕ ЗНААТ ЗОШТО ВО ЕВРОПА ТОЛКУ БРЗО СЕ ЗАТОПЛИ! Тешко е да се утврди главниот виновник за топлотните бранови

Следно

Грција нема да воведе ковид мерки во текот на летото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian