Шкупи – Динамо Загреб, имаше пренос на ХРТ, но не и на МТВ?!

1 min read

До кога спортската јавност во Македонија ќе биде соочувана со апсурдни ситуации да не може да гледа важни фудбалски и спортски настани на МТВ или на некоја друга домашна телевизија? Последен таков пример беше Шкупи – Динамо Загреб

Основачот на Спортската програма на Македонската радио-телевизија Атанас Костовски преку нашиот медиум сака јавно да го запраша директорот на МРТВ Марјан Цветковски дали, откако нашата национална телевизиска куќа не ги пренесува мечевите од македонската фудбалска репрезентација, на ред за игнорирање дојда и мечевите на нашиот клупски шампион од квалификациите за Лигата на шампионите?

Околу ТВ-преност од овој меч се крена прашина дури и во Хрватска, кога од ХРТ се прашуваа дали ќе биде возможно за гледачите во оваа земја да се обезбеди пренос. На крај, пренос од Шкупи-Динамо Загреб ХРТ сепак во последен момент успеа да обезбеди за своите гледачи (ХРТ2). Спротивното би се доживеало како голем срам во Хрватска.

Но таква среќа немаа(т) гледачите од нашава земја, затоа што ни МТВ, ни било која друга македонска телевизија не покажаа интерес да обезбедат права за пренос од овој важен фудбалски и спортски настан.

До кога во Македонија ќе бидеме соочувани со вакви и слични апсурдни ситуации?

Инаку, ТВ правата за преносите за Шкупи ги имаше откупено и ТВ Суперспорт, албански ТВ канал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во прекин железничката линија Скопје -Табановце, ова е причината

Следно

Два месеци по разделбата со Пике: Шакира насмеана и среќна ужива со синовите во Мексико

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian