Шаќири: Да докажеме дека победата во Летонија не беше случајна

1 min read

В четврток (28 јули) од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе се игра реваншот помеѓу Шкендија и Валмиера во рамките од второто квалификациско коло во Лигата на конференции.

На првиот дуел во Летонија тетовските „црвено-црни“ славеа со 1:2 и се поблиску до третата рунда.

Доколку играчите на тренерот Артим Шаќири излезат како победници во двомечот, во третото квалификациско коло на ЛК ќе играат против АИК од Шведска.

– Имаме предност од првиот натпревар, но ова е сосема поинаков меч кој има своја важност и тежина. Подготвени сме, ја знаеме вредноста на натпреварот и веќе го знаеме противникот. Се надеваме дека навивачите исто така ќе бидат во голем број и ќе биде наш 12 играч. Ништо не е лесно, но мора да докажеме дека победата во Летонија не беше случајна – вели Шаќири.

Главен судија на возвратната пресметка во нашиот главен град ќе биде Кевин Кленси од Шкотска.

Бајрами: ЦСКА Софија не е во најдобра форма, но е силен и е фаворит

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Киев: Русија ја злоупотребува нуклеарната централа Запорожје

Следно

ВИДЕО | Кучка „храбро“ лае по виртуелна мачка, но кога мачката се сврти…

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian