Пуштена во употреба пречистителната станица во Кадино

1 min read

Пуштена е во употреба пречистителната станица во населеното место Кадино припадна површина 3 која е со капацитет за 1250 еквивалент жители и ќе ги зафати отпадните води од фекалната канализација која е во должина од 3700 метри.

Со изградбата на пречистителната станица ќе се овозможи да се зафатат отпадните води од над 300 домаќинства и стопански субјекти кои ќе бидат приклучени на системот за фекална канализација со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите во Кадино, велат надлежните. 

Пречистителната станица претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на потребите.

0Со инсталирањето на овој тип на пречистителни станици со нова технологија за третман на отпадните води ќе се придонесе за решавање на приоритетниот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Кадино, истовремено ќе се влијае во развојот на комуналната инфраструктура, посочија одговорните. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Судот на ЕУ ја потврди забраната за рускиот државен медиум „Раша тудеј“

Следно

Анкета: Милановиќ најпопуларен политичар во Хрватска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian