Пронајден најголемиот розов дијамант во последните 300 години

1 min read

Рудари во Ангола пронашле редок чист розов дијамант за кој се верува дека е најголемиот пронајден дијамант во последните 300 години, објави во средата австралискиот оператор на рудникот, пренесуваат странските медиуми.

Розевиот дијамант од 170 карати, наречен Луло Роуз, е откриен во рудникот Луло во североисточниот дел на земјата богат со дијаманти и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени, се вели во соопштението на „Lucapa Diamond Company“.

Еден од најретките и најчистите форми на природни камења

„Историското“ откритие на дијамантот од типот IIa, еден од најретките и најчистите форми на природен камен, го поздрави владата на Ангола, која е и партнер во рудникот.

„Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Лулу продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена“, рече министерот за минерални ресурси на Ангола, Дијамантино Азеведо.

Дијамантот ќе се продава на меѓународна аукција, веројатно по вртоглава цена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лисандро Мартинез потпиша договор со Манчестер јунајтед

Следно

Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian