Потврдени уште два случаи на Марбург вирусот: Сличен е на ебола и е многу заразен

1 min read

Светската здравствена организација потврди уште два случаи на вирусот Марбург во Гана, многу заразна болест слична на ебола, соопшти денеска официјалниот претставник на организацијата, доктор Соке Фол.

– Имаме уште два случаи, рече тој обраќајќи им се на новинарите.

Пред десет дена, здравствената служба на Гана објави дека во земјата се официјално регистрирани два случаи на вирусот Марбург, откако две лица, кои оттогаш починаа, беа позитивни на вирусот на почетокот на овој месец.

Според Светската здравствена организација (СЗО), две заразени лица од јужна Гана имале симптоми како што се дијареа, гадење, треска и повраќање.

Првиот случај на Марбург вирусот во Западна Африка беше откриен минатата година во Гвинеја, но оттогаш не се идентификувани нови случаи.

Од 1967 година, имаше десетина големи епидемии на Марбург, главно во јужна и источна Африка.

Марбург вирусот се пренесува на луѓето со лилјаци, еден вид лилјаци, и се шири меѓу луѓето преку директен контакт со телесни течности на заразени лица или преку заразени површини и материјали.

kurir.mk

Претходно

Тројца се обвинети за трагичниот пожар во тетовската модуларна болница

Следно

Вилнев: Леклер и Ферари се најдобар пример како не се освојува титулата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian