Потврден нов случај на африканска чума

1 min read

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека е потврден нов случај на африканска чума. Според Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина, болеста е регистрирана во селото Моштица, општина Македонска Каменица, на фарма со екстензивен начин на чување свињи.

АХВ за новиот случај на африканска чума веќе ги известила одгледувачите на свињи.

„По поднесената пријава за сомнеж на болеста во одгледувалиштето, спроведена е официјална контрола од инспекциските служби на АХВ, а по извршеното лабораториско тестирање на земените мостри од угинати две свињи, од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдено е и присуството на болеста. На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување на епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот“, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

АХВ издаде ново Решение со кое нареди преземање контролни и заштитни мерки за сузбивање и контрола на болеста во високоризичната зона (сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија ), во зоната на заразено подрачје (ги опфаќа ловиштата во радиус од 20 километри од примарното жариште) и целата територија на Република Северна Македонија.

„За појавата на ново жариште на африканска чума кај свињите АХВ официјално ги извести Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија“, напоменува Бабовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стриптизерка ги продава гаќите на принцот Хари: Ми ги подари по луда ноќ во Лас Вегас!

Следно

ВИДЕО: Реми на Барса и Јувентус, Азар конечно стрелец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian