Нејмар мора на суд пред Светското првенство поради измама

1 min read

Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе мора да оди на суд во Барселона поради наводите за нерегуларности околу неговиот трансфер во каталонскиот клуб од Сантош во 2013 година, објавија шпанските и британските медиуми.

Имено, Нејмар, неговиот татко и тогашниот спортски директор на Барселона, Сандро Росел се обвинети дека потпишале договор, односно преддоговор за преселба во каталонскиот клуб две години пред официјалниот трансфер на Бразилецот во „Блауграна“.

Нејмар е обвинет за измама и корупција, а судењето ќе започне на 17 октомври, само еден месец пред Светското првенство во Катар и ќе трае две недели.

Барселона во 2013 година за Нејмар на Сантош му плати 88 милиони евра, а тогаш се шпекулираше дека Бразилецот го чини каталонскиот клуб многу повеќе, односно дека Барса морала дополнително да му плати на татко му.

Нејмар, неговиот татко, како и двајцата поранешни претседатели на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, ќе се појават пред судот во Барселона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Саудискиот престолонаследник ветува поевтина енергија за Грција и Европа

Следно

ФОТО | Решена мистеријата на мажот во бело, чие тело беше пронајдено на плажа пред 70 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian