Милевски веќе нема корона, преку слика со Груби и Зечевиќ покажа дека им се вратил на обврските

1 min read

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, денеска преку Фејсбук соопшти дека по три недели борба, успеал да го порази коронавирусот и пост-ковид компликациите и дека им се враќа на работните обврски.

„По три недели битка со Ковидот и пост-ковид проблемите, од денес повторно им се враќам на работните обврски. Првите средби со најблиските соработници и пријатели“, напиша Милевски во објавата.

Тој објави и фотографија на која е заедно со првите оперативци на коалициските партнери од власта – генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и со вицепремиерот Артан Груби, кој е организациски секретар во Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Милевски во изминатите недели беше актуелен во јавноста како еден од претставниците од владината коалиција кои гласно се спротивставија на таканаречениот „француски предлог“ за почнување пристапни преговори со ЕУ. Иако тој тврдеше и појаснуваше дека ЛДП не го поддржува предлогот, пратениците од редовите на партијата, Боби Мојсовски и Моника Зајкова, гласаа „ЗА“ заклучоците околу преговарачката рамка, кои ги усвои Собранието.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мик Џегер го прослави 79-тиот роденден: Пејачот ужива покрај 44 години помладата партнерка

Следно

Трас: Ако Путин успее, ќе имаме невидена беда низ Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian