Лисандро Мартинез потпиша договор со Манчестер јунајтед

1 min read

Денеска „црвените ѓаволи“ го промовираа своето ново летно засилување, Лисандро Мартинез кој доаѓа од редовите на Ајакс.

Аргентинскиот одбранбен играч официјално потпиша договор со Манчестер јунајтед кој ќе важи до јуни 2027 со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Со Ајакс успеа двапати да биде шампион на Холандија, а со аргентинската репрезентација лани дојде до трофејот на „Копа Америка“.

– Чест е да се приклучам на овој голем фудбалски клуб. Работев толку напорно за да стигнам до овој момент и, сега кога сум тука, ќе се наметнам уште повеќе. Сакам да им се заблагодарам на луѓето Ајакс и нивните навивачи за поддршката што ми ја дадоа. Имав неверојатно време таму, но чувствувам дека е вистинскиот момент да се тестирам во друга средина. Сега сум во совршен клуб за да го направам тоа – вели Мартинез за клупскиот сајт.

Во изминатиот период како нови играчи во клубот од „Олд Трафорд“ пристигнаа и Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анкета: Милановиќ најпопуларен политичар во Хрватска

Следно

Пронајден најголемиот розов дијамант во последните 300 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian