Летно задоволство од Стефанија Несторовска: Чоколадни чашки што се „топат“ во уста

2 mins read

Не постои личност што може да им одолее на чоколадните задоволства, особено ако брзо и лесно се прават.

Рецептот за чоко чашки ,кој е своевидно гурманско ремек-дело на младата и инвентивна Стефанија Несторовска која стои за инстаграм-профилот и блогот s.nestorovska.com, е сè она што ви треба во топлите летни денови.

Одлично е што се без шеќер, што ги прави совршени за оние што се грижат и за својата исхрана и за линијата и здравјето.

Состојки:

– 25 г (1/4 филџан) овесно брашно

– 30 г (1/4 филџан) какао

– 1/2 лажичка прашок за печиво или 1/4 лажичка сода-бикарбона со малку лимон или оцет

половина зрела банана, пасирана

– 4 лажици мед

– 80 г (1/3 филџан) млеко од јаткасти плодови

– 2 коцки црно чоколадо, по желба

– 2 лажици путер од индиски ореви, по желба

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Се загрева рерната на 200 степени и се подготвуваат две мини чинии што се отпорни на висока температура. Јас користев чинии што се за крем бруле, но можете да користите какви било. Може да ставите хартија за печење за лесно да се одвојат или, пак, да ги премачкате со малку масло.

Во длабок сад се додаваат сите суви состојки. Се промешува.

На оваа смеса се додаваат и сите другите течни состојки и убаво се промешува за да се соединат.

Се додава половина од смесата во двете калапчиња. Се додава по една коцка црно чоколадо и 1 лажица путер од индиски ореви во калапчињата, па потоа се достава и остатокот од смесата.

Се печат 15-ина минути.

Се оставаат малку да се изладат пред да се сервираат. Јас ги сервирав со малку какао и свежи малини и рибизли и искрено беше одличен, а воедно и интересен појадок.

Фото: Приватна архива

Забелешки и совети:

→ Медот може да се замени со каков било течен засладувач. Јаворов сируп, агаве, сируп од урма, меласа или засладувач по желба.

→ Црното чоколадо и путерот од индиски ореви е по желба. Јас го додадов за „мало изненадување“ во средината на колачот, но можете и да го прескокнете.

Фото: Приватна архива

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утврден новиот состав на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“

Следно

На патот Велес – Градско се вози по една лента поради сообраќајка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian