И бугарските социјалисти не можат да формираат влада, утре ќе го вратат мандатот кај Радев

1 min read

Утре БСП го враќа неисполнет мандатот на претседателот на Бугарија Румен Радев, изјави Георги Свиленски, јави дописникот на МИА од Софија.

Причина беше одлуката на пратениците од опозицијата да не поддржат како прва точка на дневниот ред на 47. Народно собрание на Бугарија за утре, поврзана со расправата за програмата за управување на предлог-владата поднесена од Бугарската социјалистичка партија.

Шефот на пратеничката група на БСП коментира дека под раководство на Десислава Атанасова (ГЕРБ) и Јордан Цонев (ДПС), пратеничките групи на ИТН, ДПС и „Вазраждане” го тргнале предлогот од БСП од дневниот ред на Националната Собрание, кое јасно стави до знаење дека, според Свиленски, „Преродеба” „станала патерица за ГЕРБ, а партијата на Слави Трифонов ИТН станала патерица на Движењето за права и слободи”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќе се урне ли Скопје ако се повтори земјотресот?

Следно

Утврден новиот состав на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian