ФОТО | Мик Џегер го прослави 79-тиот роденден: Пејачот ужива покрај 44 години помладата партнерка

1 min read

Тој не е класично убав маж, има ситна градба, но откако бендот „The Rolling Stones“ стана познат пред пет децении, Мик Џегер се здоби со статус на своевиден секс симбол и имаше интимни врски со безброј жени. Џегер речиси никогаш не бил сам, секогаш влегувал од врска во врска.

Неговите најголеми љубови беа Маријана Фејтфул, Марсија Хант, Бјанка Џегер, Мелани Хемрик, а во најдолга врска со американскиот модел и актерка Џери Хол.

Џегер има осум деца – ќерките Карис, Џејд, Елизабет и Џорџија и синовите Џејмс, Габриел и Лукас и Деверо.

Вниманието на јавноста го привлекува и неговата сегашна врска со Мелани Хемрик, поранешна балерина која е 44 години помлада од него. Мелани се пензионираше во 2019 година за да се посвети на својот син и семејството, според „Hollywood Life“.

Поранешната балерина и кореограф на својот инстаграм – профил често објавува заеднички слики со Мик и нивниот син Деверо Октавијан Василиј Џегер или нагалено Деви, на кои изгледаат идилично, но пријателите на музичарот открија една тајна за нивниот однос.

Пријателите на музичарот во една прилика за странските медиуми открија дека тој и балерината биле во отворена врска и дека тоа значело дека Мик може да се гледа со други жени.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајрами: ЦСКА Софија не е во најдобра форма, но е силен и е фаворит

Следно

Милевски веќе нема корона, преку слика со Груби и Зечевиќ покажа дека им се вратил на обврските

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian