Ќе се урне ли Скопје ако се повтори земјотресот?

1 min read

Во далечната 1963 година, Скопје стана рамна плоча, а земјата ги голтна домовите на илјадници луѓе. Така, додека денеска со солзи в очи се сеќаваме на денот кој растури илјадници семејства и остана да биде прв спомен во главчињата на малите деца, не избежно е прашањето и после толку време: „Може ли историјата да се повтори?“

Според експертите, градењето по земјотресот, па се до ден денес се одвива по специјални планови каде дури и земјотресот од 1963 година да се повтори, Скопје ќе продолжи да постои и нема да ги има тие катастрофални последици, како од пред 59 години.

Секако, во такво сценаријо ќе има и оштетени згради, но доколку се почитуваат првилата и прописите за градење, штетата ќе биде мала, а скопјани нема да треба да паметат уште еден кобен ден за градот што е срце на нашата земја.

Професорот Акиќевиќ, во интервју за Сител, истакна дека доколку не се почитуваат стандардите и пропишаните правила за градење, и старите и новите згради имаат ист ризик од уривање доколку настане посилен земјотрес. За да се спречи ова, уште за време на градењето, повеќе институции се задолжени да го контролираат процесот.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Вашингтон Пост: Министерството за правда ги истражува постапките на Трамп околу обидите да го поништи неговиот пораз на изборите

Следно

И бугарските социјалисти не можат да формираат влада, утре ќе го вратат мандатот кај Радев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian