Два месеци по разделбата со Пике: Шакира насмеана и среќна ужива со синовите во Мексико

2 mins read

Пејачката Шакира на крајот на мај ја прекина долгогодишната врска со фудбалерот Жерар Пике, со кој има два сина. Сега, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека пејачката е на летен одмор со своите деца далеку од Барселона, каде што живеат.

Токму како што и се шпекулираше дека Шакира копнее да ја напушти Барселона, каде што животот по раскинувањето со Пике веќе не ѝ е најудобен, таа ги спакувала куферите и го напуштила градот. Затоа славната Колумбијка го искористи летниот одмор и периодот во кој нема музичка турнеја и замина во Мексико со синовите Саша и Милан.

Убавата пејачка е фотографирана на плажа во познатото летувалиште Кабо Сан Лукас, инаку омилено место на богатите и славните. Таа била забележана како ужива на плажа со деветгодишниот и седумгодишниот син, а вниманието го привлече и со изборот на облеката.

Таа носеше комплет со реси во боја на лаванда, истакнувајќи го совршениот летен тен, а лицето и косата ги оставила сосема природни. Притоа, Шакира не ја тргнала насмевката од лицето и уште еднаш решила да им стави до знаење на сите дека разделбата со долгогодишниот партнер не ѝ паднала тешко и дека ќе продолжи да го живее животот најдобро што може.

ФОТО | Ова е секс-бомбата поради која Шакира и Пике се разделуваат? Ќе кажам сѐ, вели таа

Инаку, Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике се заедно од 2010 година и беа познати како еден од омилените парови, особено во неговата земја. Во мај годинава почнаа гласини дека фудбалерот ја изневерувал пејачката и дека имал неколку афери со млади девојки, а потоа долгогодишните партнери потврдија дека се разделуваат, без да ги откријат причините за таа одлука.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шкупи – Динамо Загреб, имаше пренос на ХРТ, но не и на МТВ?!

Следно

Трајанов: Внесувањето на Бугарите во Уставот да биде според принципот на реципроцитет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian