Дебатата на кандидатите за британски премиер прекината бидејќи водителката се онесвести (ВИДЕО)

1 min read

Телевизиската дебата меѓу двајцата кандидати за наследник на Борис Џонсон на функцијата британски премиер беше ненадејно прекината синоќа, откако водителката се онесвести.

Министрката за надворешни работи Лиз Трас, фаворит да стане нов лидер на Конзервативната партија, и поранешниот министер за финансии Риши Сунак ги претставуваа своите програми кога се слушна силен тресок во студиото.

Дебатата, која во живо ја пренесуваа TV Talk и весникот „Сан”, нагло беше прекината. Телевизијата Talk објави дека водителката Кејт Мекен се онесвестила.

„Иако се е во ред со неа, докторот не советуваше да не продолжиме со дебатата. Им се извинуваме на гледачите и слушателите”, објави на Твитер телевизијата.

Пред ненадејната пауза, Трус и Сунак се судрија најмногу околу даноците и буџетот и што би направиле за да ги намалат трошоците за живот.

Победникот на изборите, на кои ќе учествуваат нешто помалку од 200.000 членови на Конзервативната партија, ќе биде познат на 5 октомври.

kurir.mk

Претходно

Три активни пожари утрово, најголемиот е на Криволак

Следно

На плажа на Халкидики пронајдено машко тело, се утврдува идентитетот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian