Цеца ги надмина Лејди Гага и Мадона: Концертот на Ушќе трет најпосетен во светот

1 min read

Според истражувањата, Цеца е пејачка која ги надминала ѕвездите како Лејди Гага и Мадона. Лејди Гага одржа концерт во Париз на кој присуствуваа повеќе од 80.000 луѓе, а овој настап е седми на листата на најпосетувани во Европа.

Сепак, интересно е што концертот на Светлана Ражнатовиќ, кој се одржа во 2013 година на Ушќе, го имаат посетени 150.000 фанови на фолк – дивата, а со тоа пејачка се најде на 3-то место на оваа листа.

Тина Тарнер е пред Цеце на оваа листа, а подолу е поп ѕвездата Мадона.

Фото: Принтскрин Википедија

Цеца секако има причина да се гордее со својот успех, а сега откри како гледа на овој успех:

„За мене концертот одржан на Ушќе засекогаш ќе остане во најдобро сеќавање. Со нетрпение очекувам да го повториме тој спектакл и се надевам дека повторно ќе го срушиме рекордот на посетеност. Ова не е само мој успех, туку и успех на мојата публика. Можеме само да се гордееме со фактот што заедно го поставивме Белград толку високо на светската мапа на најпосетувани концерти“, изјавила фолк-дивата за „Ало“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Крсте Велкоски повторно ќе игра за Работнички

Следно

Над 30 проценти од семејствата во земјава се брачни парови без деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian