Билетите за концертот на Адел чинат 40.000 долари: Обожавателите бесни, тоа е само за богатите

2 mins read

Билетите за првиот настап на британската пејачка Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари на одредени веб-страници, додека билетите за други концерти може да се најдат по цена од 20.000 долари.

Пејачката во понеделникот објави нови датуми за серија концерти во Лас Вегас, откако претходно беше принудена да ги одложи настапите само 24 часа пред премиерата во јануари оваа година.

Со 24-те одложени претстави, најавени се уште осум нови, а ќе има вкупно 32. Настапите ќе траат од 18 ноември 2022 година до 25 март 2023 година.

Според изјавата на „Ticketmaster“, компанија за продажба и дистрибуција на билети, сите постоечки билети се важечки за новиот датум. Понатаму, ќе има помал број дополнителни билети достапен за сите 32 изведби.

Меѓутоа, пристапот до секоја претпродажба ќе биде ограничен, според соопштението на „Ticketmaster“, со приоритет на обожавателите кои купиле билети за претходните настапи.

Набргу по изјавата, беше објавено и дека билетите за вечерта на отворањето чинат помеѓу 600 и 41.000 долари на веб-страницата Stubhub.

„Блумберг“ во понеделникот извести дека од 17:30 часот по њујоршко време, достапни се два билета од 41.280 долари за настапот на Адел на 18 ноември. Според веб-страницата, двајцата сопственици на билетите ќе седат заедно.

Според извештајот на публикацијата, билетите во најмалку шест други ценовни категории се продавале за 20.000 долари или повеќе.

Два билета за настапот на Божиќ беа продадени за повеќе од 23.000 долари на веб-страницата за препродажба Gametime.

Во изјава за „Блумберг“, извршниот директор на Gametime, Метју Радос, ги припишува високите цени за препродажба на одложените настапи и фактот дека Адел „нема многу настапи во живо“.

Лажни солзи за фановите, ароганција за организаторите: Откриена вистинската причина зошто Адел ги одложи концертите

ВИДЕО | Адел низ солзи ги откажа настапите поради ковид: Многу сум вознемирена

ВИДЕО | Адел низ солзи ги откажа настапите поради ковид: Многу сум вознемирена

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Англичаните лажат, Шкотите го измислиле фудбалот тврди историчар

Следно

МНР откако добивме 4,3 милиони долари од САД: Стратешкиот дијалог ги испорача првите резултати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian