Бајрами: ЦСКА Софија не е во најдобра форма, но е силен и е фаворит

1 min read

Тренерот на Македонија Ѓерче Петров, Муарем Бајрами изјави дека ЦСКА Софија останува фаворит за реваншот од второто квалификациско коло од Лигата на конференции.

Натпреварот е в четврток (27 јули) од 19.00 часот по македонско време (20.00 по локално) на стадионот „Бугарска армија“, а потсетување дека првиот меч во Скопје заврши 0:0.

– Повторно ќе кажам дека ЦСКА е фаворит. Тоа е силен тим, иако не е во најдобра форма, имаат нов тренер со нови идеи – вели Бајрами.

Стратегот на „лавовите“ од Ѓорче Петров е уверен дека неговите играчи ќе им пружат сериозен отпор на „црвените“ на утрешниот меч.

– Во Скопје одигравме силен натпревар, дисциплиниран и тактички коректен. Утре имаме поинаков мечот, но искрено верувам во моите момци и сигурен сум дека и утре ќе настапиме на ниво. Почнуваме со 0:0 и на крајот ќе видиме кој ќе продолжи – се зборовите на Бајрами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон ја обвини Русија дека е една од последните колонијални царски сили

Следно

ФОТО | Мик Џегер го прослави 79-тиот роденден: Пејачот ужива покрај 44 години помладата партнерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian