Англичаните лажат, Шкотите го измислиле фудбалот тврди историчар

1 min read

Според Гед Обрајан модерната верзија на овој спорт се игра во Шкотска веќе 500 години

Дебата која беснее со години е од каде потекнува фудбалот? Многумина сугерираат дека тоа е Англија, а официјалната историја на веб-страницата на ФИФА наведува дека овој спорт започнал во 1863 година во Англија кога била формирана Англиската фудбалска асоцијација.

Но, историчарот, авторот и основачот на Шкотскиот фудбалски музеј во Хемпден Парк, Гед Обрајан, тврдеи дека фудбалот не потекнува од Англија. Неговото истражување покажува дека модерната верзија на овој спорт се игра во Шкотска веќе 500 години.

Според историчарот, членови на шкотските кланови играле фудбал во црковните дворови на северот на Шкотска, а потоа ја донеле играта во Глазгов околу 1860 година кога го основале фудбалскиот клуб Квинс парк, кој играл во Хемпден Парк.

– Глазгов попрецизно и Шкотска воопштено го измислија светскиот фудбал, а повеќето луѓе не се свесни за тоа. Кога ги слушам „трите лава“ и Англија како велат „ох, се разбира, ние го измисливме фудбалот“, многу ме нервира бидејќи тоа е лага – вели шкотскиот научник.

Според него, генијалноста на Шкотите во последните 500 години а особено системот на кланови е она што ни го дало фудбалот.

– Тоа е целосно шкотска игра и додека сè уште има живот во мене тоа е она што ќе се обидам да го докажам – вели Гед Обрајан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грција нема да воведе ковид мерки во текот на летото

Следно

Билетите за концертот на Адел чинат 40.000 долари: Обожавателите бесни, тоа е само за богатите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian