350.000 денари од буџетот на Гази Баба за субвенции за велосипеди

1 min read

Денеска во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед.

Оваа мерка за прв пат се реализира во општина Гази Баба и за истата беа наменети 350.000 денари од буџетот на општината.

-Доделени решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди. Денес во просториите на општина Гази Баба ги доделивме решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди. Оваа мерка во општина Гази Баба се реализира за прв пат со што е исполнето уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните, порача првиот човек на општината. 

Покрај субвенциите за велосипеди за прв пат оваа година општината воведова и субвенции за електрични тротинети, за чистење на оџаци и за вградување на уреди за течен нафтен гас на автомобилите.

-Покрај ова двојно ги зголемивме средствата за субвенции за инвертер клима уреди и печки на пелети. Кога се работи одговорно и домаќински, средства во буџетот има за се. Сите овие мерки се во насока на заштита на животната средина и намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Ние живееме во едно ново време за нашата Гази Баба.Време кое на дело ќе покаже дека во  општина Гази Баба може да се гради и да се реализираат проекти, напиша Стефковски.

skopjeinfo.mk

Претходно

Трајанов: Внесувањето на Бугарите во Уставот да биде според принципот на реципроцитет

Следно

ВИДЕО: Крсте Велкоски повторно ќе игра за Работнички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian