Јувентус се вклучува во трката по потписот со Депај

1 min read

Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај се наоѓа на излезни врати од Барселона, а покрај англиските екипи сериозен интерес за него пројавува и Јувентус.

По завршувањето на турнејата во САД, Депај треба да има средба со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на која се очекува да се договорат условите под кои Холанѓанецот би си заминал од „Камп Ноу“.

Последен тим кој се влучи во трката по потписот со Депај е Јувентус. „Старата дама“ бара уште партнер во нападот на Душан Влаховиќ и бидејќи Алваро Мората се врати во Атлетико Мадрид, токму Депај се споменува како едно од решенијата, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Барселона на заинтересираните екипи, меѓу кои освен Јувентус се и Њукасл и Манчестер јунајтед им порача дека отштетата за Депај изнесува 20 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен скопјанец баран со централна потерница

Следно

Џејсон Момоа се судрил со 21-годишен мотоциклист: Младиот човек завршил во болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian