Три грчки острови меѓу најубавите во светот: Дали сте ги посетиле?

2 mins read

Магазинот „Travel+ Leisure“ ги избра 25-те најубавите острови во светот во 2022 година, а меѓу нив беа и три грчки острови: Милос, Парос и Крит. Вулканскиот грчки остров Милос се најде на 4 место, Парос на 12 место, а најголемиот грчки остров Крит на 22 место, пишува „Greek reporter“.

Читателите на магазинот „Travel + Leisure“ гласаа за листата на најдобрите острови во светот и го избраа италијанскиот остров Искија за најдобра островска дестинација во светот, а потоа Малдиви, па Бали.

Што се однесува до грчките острови, кои туристите од целиот свет често сакаат да ги посетуваат, можеме да забележиме дека кај секој од овие три прекрасни острови кои се најдоа на листата се навистина посебни сами за себе.

Милос

Античките урнатини и прекрасната кујна се буквално двете најголеми квалитети на островот Милос, сметаат читателите на магазинот „Travel+Leisure“. Сепак, тоа не е сè. Овој остров на Кикладите има живописни рибарски села, 75 плажи и подводни морски пештери.

Постои и статуа на Венера де Мило, која е пронајдена на островот, но сега е изложена во музејот Лувр во Париз. Островот може да се пофали со прекрасните бели карпести формации на плажите Клефтико и Саракинико, како и живописното село Клима и зајдисонцето во градот Плака.

Парос

Парос е исто така меѓу најпопуларните острови. Сместен во групата на кикладски острови, може да се пофали со уникатни плажи со светло сино море, уникатни таверни, бели куќи и традиционални, кикладски цркви.

Помеѓу различните села што треба да се посетат, Науса, првично старо венецијанско пристаниште, веројатно е еден од најпознатите делови на Парос и еден од најживописните. За убавината на плажата и оние кои ги сакаат водените спортови, како што се нуркањето и сурфањето, Санта Марија е вистинското место.

Крит

Крит е познат како извонредно место по својата античка историја, пејзажи, безброј плажи и уникатни градчиња. На Крит, не пропуштајте да ги посетите градовите Ханија и Ираклион.

Освен по својата богата историја, живописниот град Ханија е познат и по најубавите плажи на Крит. Нејзиниот главен град, Ираклион, античкиот град  е најпознат по прекрасните катедрали, старите градови, рестораните и бутиците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најскапото промашување во историјата на Реал Мадрид има најголема плата во Ла Лига

Следно

ВИДЕО: Голем пожар беснее во Чешка, целата земја е во чад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian