Тамара Еклстон нуди 7 милиони евра за апсење на Даниел Вуковиќ

2 mins read

Богатата наследничка Тамара Еклстон, ќерката на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон и Славица Еклстон, нуди седум милиони евра за информации кои би можеле да доведат до пронаоѓање на нејзините вредни предмети украдени во најголемата британска кражба во историјата. Проценетата вредност на украдениот накит, готовина и скапоцени камења е 29,4 милиони евра, јавува „Би-би-си“.

Тамара на Инстаграм објави дека ќе додели награда од 25 отсто од вредноста на сè што полицијата ќе успее да пронајде врз основа на информациите што ги добива.

Фото: Профимедиа

„Доволно долго чекав да ми ги вратат украдените работи на конвенционален начин. До денес ништо не е пронајдено освен еден пар обетки кои беа на ушите на Марија Мештер“, започнала Тамара и додала дека надлежните направиле одлична работа, но и ним им се рацете врзани како што е „тоа случај со Србија“, нагласила богаташката.

„Сега ќе го направам она што сакав да го правам од почетокот, и тоа во стилот на Мел Гибсон од филмот „Ransom“. Со задоволство ќе платам награда за враќање на мојот или на Џеј украдениот имот и за фаќање и кривично гонење на Даниел Вуковиќ“, напишала таа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Помислата на овие одвратни луѓе, кои претураат низ секоја соба во мојата куќа, да провалат во мојот дом, да ги допираат моите работи и да украдат некои од моите најскапоцени предмети, значи дека никогаш нема да можам да бидам во таа куќа со истото чувство на сигурност што некогаш го имав“, истакнла Тамара.

Грабежот во кој изгубила голем дел од скапоцените работи се случи во декември 2019 година, кога таа и нејзиниот сопруг Џеј Рутланд биле во Лапонија со нивната ќерка и кучето. Тоа е воедно и најголемата кражба во Британија.

Уапсени се тројца крадци, а четвртиот Србинот Даниел Вуковиќ сè уште е на слобода.

Петра Еклстон го роди четвртото дете: Берни доби прекрасна внука

Југослав Јовановиќ ја призна најголемата кражба во Британија: На Тамара Еклстон ѝ украде 25 милиони фунти

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баерн ќе купува уште еден напаѓач, на „Алијанц“ доаѓа Де Томас од Еспањол?!

Следно

Зоран Попов и официјално е нов македонски амбасадор во САД, Агнеза Руси оди во Софија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian