Скопје е урнато! Скопјани се сеќаваат на кобниот ден пред 59 години!

1 min read

Скопје е урнато! Трагичната вест прв на светот ја соопштил пилотот кој од воздух гледал како Скопје исчезнува. Токму во тоа време, над македонската престолнина која се уривала, летал еден холандски авион.

Земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, кој траел долги 17 секунди, регистриран е на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на површина од преку 50.000 километри квадратни, а се смета дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани. Повеќе од 1000 луѓе загинаа, повеќе од 3000 беа повредени. 

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 59 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Армијата се вклучува во гаснењето на пожари во Германија

Следно

Бекер по излегувањето од затвор експресно ќе биде депортиран од Англија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian