Што прават и каде се политичарите додека пожарите беснеат низ државата

5 mins read

Додека земјата е зафатена од шумски пожари а огнените стихии во некои делови од земајта дојдоа и до прагот од домовите на граѓаните, во јавноста се наметнува дилемата што прават нашите политичари и функционерите во ваквите состојби. Дали политичката елита ја користи својата влијателност да се вклучи во помошта на нивните сограѓани и колку нашите државници навистина се активни со личен придонес во операциите за гаснење на огновите низ Македонија.

Првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов за „Слободен печат“ вели дека откако започна сезоната на пожари тој не добил било каква помош или телефонски повик од некој пратеник или функционер кој не им се во надлежност справувањето со пожарите, освен активната заложба на премиерот Ковачевски и министрите за внатрешни и одбрана околу гаснењето на огнените стихии низ земјава.

Фото МИА – Стојанче Ангелов – ЦУК

– Никој не понудил ништо досега, ниту пак сме барале помош бидејќи институцијата со која раководам ЦУК,  досега успешно и професионално ја врши работата. Сепак за волја на вистината сопственикот на една од најголемите веледрогерии во земјава Благоја Механџиски беше дојден на лице место на пожарот во Берово. Иако не повикан тој изелзе во пресрет и лично праша како може да помогне. Со мое образложение дека состојбата е под контрола, тој сепак човечки постапи и ги однесе на вечера пожарникарите кои го гаснеа пожарот тој ден – вели Ангелов.

Првиот човек на ЦУК Ангелов во исто време посочува дека секоја помош е добредојдена независно дали е поединец, фирма или институција иако потенцира уште еднаш дека засега надлежните органи добро ја владеат состојбата со огнените стихии низ земјава.

– Политичарот или пратеникот не треба да земе лопата и гасне пожар, туку можат да го искористат своето влијание и со ширење на вести и информации да помогнат во гаснењето на пожарите. За жал до овој момент не сум добил никаква помош ниту понуда за помош од функционер кој не му е во надлежност оваа проблематика, која пак е сериозна и на моменти ја загрозува безбедноста на граѓаните – додава Ангелов.

Од друга страна Костадин Костадинов поранешен пратеник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица тврди дека тој и општината активно се вклучени во помошта на државата при гаснењето на пожарите.

Поранешен пратеник од СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

– Како градоначалник сум во постојана комуникација со институциите. При пожарот во Тетово лично се активирав и понудив помош до градоначаникот на Тетово но и на директорите на службите за гаснење на пожари. Понудата од моја страна беше дали да пуштиме противпожарна екипа. Сепак, по обавените разговори бев информиран дека состојбата е под контрола и нема да има потреба од наша помош – посочува Костадинов за „Слободен печат“.

Тој додава дека Струмица како општина во ракми на југоисточниот регион обезбедила нова опрема за пожарникарите, иако тој посочува дека во градот се уште нема соодветна локација за нова противпожарна станица.

Во исто време пак пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ вели дека обврските во Собранието околу францускиот предлог и фокусот на јавноста околу таа проблематика за жал ги става во втор план пожарите низ земјава. Лефков истакнува дека недостасува активност на пратениците и општо на функционерите со справувањето на пожарите во земјава.

Миле Лефков – Пратеник ВМРО-ДПМНЕ

– За жал поради обврските оваа година немаме толку активности кои би допринеле да помогнеме за состојбата околу пожарите во земјава. Минатата година бевме активно вклучени при пожарите во Кочани а подоцна и во Делево каде јас лично и со неколку сопартијци носивме вода и опрема на граѓаните да се справат со опасната појава – вели Лефков.

Според него ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следи ќе допринесе во Собранието да се актуелизира проблемот со пожарите односно да се сврти вниманието на функционерите и пратениците кон проблемот со кој се соочуваат граѓаните во овој период од годината а тоа се пожарите.

Лефков додава дека доделената парична награда од страна на Владата од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел од пожарникарите а дел и останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија земјава е премалку.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ова е Ивана Малиќ, девојката на Милош Биковиќ: Актерот и манекенката уживаат во летниот одмор

Следно

Украина доби неколку ракетни лансири од Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian