Се чувало во строга тајност: Зетот на Трамп за време на престојот во Белата куќа, водел животна битка

3 mins read

На крајот на август ќе бидат објавени мемоарите на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп и зет на поранешниот американски претседател на САД, Доналд Трамп. Еден месец пред објавувањето, почнаа да протекуваат интересни детали од мемоарите, меѓу другото, делот во кој Кушнер првпат зборува за тешката здравствена состојба со која се соочувал, пренесуваат американските медиуми.

Во времето кога Доналд Трамп беше американски претседател и управуваше со САД од Белата куќа, еден од неговите советници и најдоверливи лица, зетот Џаред Кушнер, водел тешка животна битка. Како што откри во своите мемоари „Breaking History: A White House Memoir“, кои треба да бидат објавени на крајот на август, за време на неговиот престој во Белата куќа му бил дијагностициран рак на тироидната жлезда, но во тоа време сè било скриено од јавноста.

иванка трамп
Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер и нивните деца / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Тој бил дијагностициран од лекарот од Белата куќа, Шон Конли, во октомври 2019 година, на денот кога требало да замине на службено патување во Тексас.

„Утрото на денот кога требаше да отпатувам во Тексас на отворањето на фабриката „Louis Vitton“, лекарот од Белата куќа, Шон Конли ме повлече во медицинскиот апартман на „Air Force One“. Тој ми кажа дека пристигнале резултатите од болницата „Walter Reed“ и дека изгледа имам рак, поради што треба што поскоро да организирам операција“, открил тој во своите мемоари.

Шокираниот Кушнер му рекол да остави сè на страна и дека ќе разговараат за сè следниот ден, кога ќе дојде во неговата ординација. Тој, исто така, побарал од лекарот да не кажува никому за наодите, особено не за неговата сопруга Иванка Трамп и неговиот дедо Доналд Трамп.

Како што открил, ракот му бил дијагностициран во рана фаза, но морало да се отстрани дел од штитната жлезда. Најмногу го исплашило дали операцијата ќе влијае на неговата способност да зборува. Операцијата била договорена една недела пред американскиот Ден на благодарноста, со цел да се намали можноста за протекување на вестите во јавноста, бидејќи така имал шанса да не биде присутен на своите должности.

џеред кушнер
Џеред Кушнер / Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis /

Тој истакнал дека причината поради која не зборувал за тоа е тоа што тоа е негов личен проблем и нема влијание врз јавноста.

„Кога размислував за тоа, се потсетив дека сум во рацете на Бога и во рацете на докторот и дека што и да се случи, не можам да влијаам на тоа. На моменти се прашував дали ќе ми треба поопширно лекување“, изјави Кушнер и откри дека Трамп дознал за операцијата ден пред операцијата и му рекол да не се грижи за ништо, дека сè ќе помине во најдобар ред.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Георгиевски: Амбициите на Вардар остануваат исти иако е се потешко да се игра против Е. Пелистер 

Следно

Скрингот за ЕУ ќе запре ако не биде сменет Уставот, вели евроамбасадорот Гир

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian