Проблем за Јувентус, се повреди Погба

1 min read

Екипата на Јувентус се соочува со големи проблеми пред стартот на новата сезона во Серија А бидејќи нема да може да смета на Пол Погба кој се повреди на тренинг.

Францускиот репрезентативец го повреди менискусот на десното коло, по што од Јувентус порачаа дека по деталните лекарски прегледи ќе биде познато колку Погба ќе отсуствува од терените.

Доколку станува збор за полесна повреда која би се санирала со терапија тогаш Погба ќе отсуствува 2-3 недели и ќе го пропушти натпреварот против Сасуоло во рамки на првото коло од Серија А кој е закажан за 15 август.

Доколку повредата е посериозна и е неопходна операција, тогаш Французинот ќе отсуствува најмалку два месеци.
Пол Погба летово се врати во Јувентус за кого играше од 2012 до 2016 година и освои четири титули во Серија А, а во Торино дојде од Манчестер јунајтед.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Балканските пристаништа се поважни актери за меѓународниот шверц на дрога

Следно

Бритни Спирс се враќа на музичката сцена: Првата песна ќе биде дует со Елтон Џон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian