Поранешна менаџерка на Том Круз откри: Тој беше опседнат со себе

2 mins read

Пензионираната Ајлин Берлин, која била менаџерка на Том Круз кога тој имал 18 години, за „Дејли Мејл“ изјави дека актерот бил опседнат со својот изглед кога бил помлад.

„Том беше толку опседнат со изгледот што го поминуваше цел ден експериментирајќи со пози за неговата прва фотосесија“, откри таа. „Тој се подготвуваше за фотосесија парадирајќи наоколу во долна облека. Имавме ѕид со огледала и тој се шеташе во шорцеви и ги стискаше тупаниците и бицепсите восхитувајќи си се самиот на себе во огледалото“, рече таа.

„Тој беше загрижен за висината“

„Ми беше непријатно, но тој сакаше да го покажува своето тело. Беше многу горд на тоа“, додаде таа.

Том Круз
Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Иако негирал дека направил пластична операција, во јавноста почна да се шпекулира дека актерот го оперирал носот, си пресадил коса и ги ретуширал забите. Берлин вели дека не би била изненадена доколку Круз навистина посегнал по естетски зафати.

„Мислам дека ќе направи сè што е потребно за да го задржи својот младешки изглед што е можно подолго“, тврди таа.

Таа додаде дека актерот отсекогаш бил многу егоцентричен.

„Секогаш сè се вртеше околу него. Само јас, јас, јас и јас“, откри поранешната менаџерка на Круз, велејќи дека тој имал проблеми и со контрола на бесот.

том круз
Никол Кидман и Том Круз / Фото: Profimedia

„Тој не сака луѓе“

„Не ме изненади што сите негови три брака, со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс, завршија со развод. Мислам дека тој не ги сака луѓето. Му се допаѓа тоа што го прави“, раскажа Ајлин.

„Тажна сум за него. Се грижам дека е осамен. Се додека може да работи и да снима филмови, ќе биде добро. Што ќе се случи кога веќе не може да го прави тоа, не знам“, заклучи таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јаховиќ се договори за Бодрумспор

Следно

Мартин го нема повеќе од половина месец, пребарано речиси целото егејско крајбрежје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian