Полувреме: Офанзивен фудбал на Шкупи и Динамо, но мрежите мируваат

2 mins read

Првото полувреме од реванш натпреварот во квалификациите за пласман во ЛШ меѓу Шкупи и Динамо Загреб заврши без голови. Најавите на тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски дека неговите фудбалери ќе играат офанзивно и на победа, играчите ги спроведоа на теренот и тргнаа офанзивно уште од првата минута, ја имаа топката во свој посед, но не успеаја да направат ниту една посериозна шанса во воведните минути.

Откако ја издржа почетнаа иницијатива, фудбалерите на Динамо почнаа да се закануваат по голот на Наумовски, со што играта доби на интензитет, се редеа шанси пред двата гола. Во 10. минута кога Оршиќ нафрли во петерецот на Шкупи но топката не стигна го Петковиќ.

Пет минути подоцна Шкупи го имаше првиот удар кон голот на Ливаковиќ, од 15-тина метри шутираше Цефас но голманот на хрватскиот тим без проблем го одбрани ударот.

Три минути подоцна голема шанса на спротивната страна, по една мешаница и недоразбирање меѓу Наумовски и Брдаровски кој неспретно ја исфрли топката, Петковиќ со глава шутираше од пет метри, но Наумовски го одбрани ударот.

Само две минути подоцна, шанса за Шкупи, но шутот со глава на Марквелашвилсо по одличниот центаршут од левата страна шутираше над голот.

Финишот на првиот дел им припадна на фудбалерите на македонскиот шампион и во 42 минута Цефас ја имаше најголемата шанса за Шкупи, од десната страна влезе во шеснаесетникот, но неговиот шут заврши покрај голот на Ливаковиќ.

Во судиското продолжение, Динамо Загреб ја имаше голема шанса да поведе со 0:1 откако по одлична акција, Петковиќ излезе сам пред Наумовски и се обиде да го помине, но голманот на Шкупи одлично реагираше и спречи сигурен гол на хрватскиот тим.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарските социјалисти ќе се обидат да состават влада, а за премиер ќе го предложат Асен Василев

Следно

ФОТО | Дизајнерите покажаа како да се обнови уништената Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian