Оваа земја го укинува задолжителниот карантин за ковид позитивните без симптоми

1 min read

Лицата во Австрија кои се заразени со коронавирус во иднина веќе нема да мора да бидат во самоизолација доколку немаат симптоми на болеста, соопштија денеска властите, пренесе ДПА.

Австрија од следниот месец го укинува задолжителниот карантин за лицата кои се позитивни на коронавирусот, но не се болни.

Заразените сè уште ќе мора да носат маски надвор од своите домови, освен ако не се на отворено или не можат да држат растојание од најмалку два метри од другите лица.

Ним нема да им биде дозволено да влегуваат во установи со загрозени лица како што се болници, домови за стари лица или установи за лица со посебни потреби.

kurir.mk

Претходно

Скрингот за ЕУ ќе запре ако не биде сменет Уставот, вели евроамбасадорот Гир

Следно

Баерн ќе купува уште еден напаѓач, на „Алијанц“ доаѓа Де Томас од Еспањол?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian