На ГП „Табановце“ се чека околу два часа, на „Богородица“ околу 15 минути

1 min read

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу два часа, додека на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата околу 15 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 26 јули: Обидете се да ги избегнувате луѓето кои ве заморуваат

Следно

Во Јапонија егзекутиран маж кој уби седум луѓе во 2008 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian